„Гаспром“ нема потреба да увезува опрема од Западот, па затоа санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија нема да влијаат врз активностите на копанијата, изјави потпретседателот на Управителниот совет на рускиот енергетски гигант Александар Медведев.
Говорејќи на конфернцијата „Нафта и гас во Сахалин“, Медведев нагласи дека уделот на увозот на опрема и услуги опфаќа само десет проценти од вкупниот промет на „Газпром“.
На почетокот на јули, Европската унија воведе санкции со кои се ограничува и набавка на опрема за истражување и производство за неколку руски компании, меѓу кои е и „Газпром“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.