| четврток, 6 декември 2018 |

Љубе Бошковски со ново шоу во судницата

Љубе Бошковски продолжува со своето шоу на судските рочишта.

ljubeboskovski

„Среде склекови ме донесоа овие диви дечки. Јас овде ќе си седам и ќе си пеам песни ама нема да ве случам. Јас во оваа циркузијада нема да учествувам. Овде се крши Устав и закони.  Кога ќе ги донесат тие лица и фотографии, тогаш и јас ќе дојдам. Можеш да ме казниш, но јас ќе си пејам. Ти за ова ќе одговараш.“

Вака Љубе Бошкоски го продолжи своето шоу денеска во судницата во скопскиот Кривичен суд каде му се суди во повторената постапка за случајот Ровер, откако претходно, Аплеација првичната пресуда ја поништи и случајот го врати во првостепена постапка, пренесува Прес 24.

Љубе Бошкоски на претходното судење рече дека сака да биде вратен во Идризово откако според него, Судот и Обвинителството не ги исполниле ветувањата и не ја запазиле правната постапка за проверка на сознанијата што тој ги споделил на минатото рочиште: дека првообвинетиот Предраг Чубрило е починат, а дека останатите двајца српски државјани на кои им се суди во отсуство, пак, воопшто не биле во државата кога се случило двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев. Според неговите информации, за време на убиството – едниот бил во затвор, а другиот надвор од Европа. Образложението на судијата беше дека не добиле информација од Интерпол, дека Чубрило не поминува низ евиденцијата на починати.

Денеска Бошковски речи си цело судење го помина во судските ходници, облечен во тренерки и патики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top