| четврток, 6 декември 2018 |

Работи што мажите не ги забележуваат на првиот состанок

 состанок

Додека жените се оптоваруваат со милион ситни детали врзани за состанокот, мажите често се многу поопуштени. Ова се работи што тие сигурно не ги забележуваат на првиот состанок со вас. 

Нервозни сте

Тоа е нормално и сосема прифатливо. Се додека на секои десет секунди не се извинувате поради тоа што сте нервозни, тоа е мошне заморно, а може да биде и иритантно.

Имате впечаток дека премногу зборувате

Некогаш може да биде навистина тешко да се најдат заеднички теми. И додека во себе почнувате да паничите мислејќи дека го давите со приказната за својот живот, многу е веројатно тој во тој момент да мисли „Среќа што изминативе 20 минути не требаше да размислувам што ќе кажам“.

Еден или пет пијалоци 

Сосема е неважно се додека на момчето не му повраќате по чевлите. Важно е да се забавувате, на вас да ви е убаво – затоа опуштете се и бидете она што сте.

Јадете што сакате 

Ако ви се јаде салата, порачајте салата, без оглед на тоа што ќе помисли. Ако ви се јадат ребра, јадете ребра. Едноставно е.

Што сте облекле 

Се додека носите нешто на себе, мажот нема да биде шокиран. Едноставно облечете нешто во што ќе се чувствувате пријатно. Врските не се засноваат само да изгледот.

Споменување на поранешните 

Нема да го запрепастите мажот ако сред разговорот се случи да го споменете поранешниот. Фактот што некогаш сте се забавувале со некого е сосема нормална работа.

Кој ќе плати на првиот состанок 

Мажите обично одат на состанок претпоставувајќи дека тие ќе ја платат сметката. Ако вие се понудите да платите, во ред. Ако ништо не споменете, и тоа е во ред. Сигурно нема поради тоа да почне да вреска за еднаквост на половите и машките права. Барем не повеќето од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top