Дваесетишест годишниот М.А од село Оризари со тешки телесни повреди е пренесен во штипската Клиничка болница, откако утрово со својот автомобил излетал од патот Долни Балван – Чардаклија.
Според првичните неофицијални информации несреќата се случила десет минути пред шест часот утринава, кога кочанчанецот не успеал да ја прилагоди брзината на кривините, што се наоѓаат на тој дел од патот и излетал од коловозот.
Пред неполна недела на истиот пат во тешка сообраќајка, во директен судир на автомобил Форд фиеста и мини бус, животот го загуби 51-годишен штипјанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


