| четврток, 6 декември 2018 |

Фармацевтскиот гигант Рош лидер во одржување стабилност

roche-logoКомпанијата Хофман Ла Рош повторно е рангирана меѓу најстабилните здравствени компании според индексот за стабилност на Дау Џонс. Во последните шест години, Хофман ла Рош е лидер во секторот за одржување на стабилност во областа на фармацевтската, биотехнолошката и научната индустрија според индексот за стабилност на Дау Џонс (DJSI).

Овој индекс ја рангира компанијата во групата на првите 10 % од компаниите од сите испитани индустрии. Проценката на DJSI стана главна одредница за инвеститорите кои што ја земаат во предвид стабилноста во нивните портфолија. Се базира на длабока анализа на достигнување во економска, социјална област како и во областа за екологија, одредување на спорни прашања како корпоративна политика, обврзаност на акционерите, управување со ризик, стандарди за дистрибуција, почитување на правата на вработените.

Основана во 1896 година,со седиште во Базел, Швајцарија, Хофман ла Рош е лидер во здравствената заштита, со фокус на истражувањето, комбинирано во фармација и во дијагностика. Во листата на есенцијални лекови на светската здравствена организација, се вбројуваат 24 лека на Хофман ла Рош помеѓу кои има антибиотици, лекови против маларија како и хемотерапија, лекови што спасуваат живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top