| четврток, 6 декември 2018 |

Дениса била убиена?

Истрагата за мистериозното исчезнување на 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска, на барање на македонското МВР и МНР, продолжува во критското Јавно обвинителство.

Како што пренесува „Утрински весник“, грчката полиција и натаму го пребарува теренот, презема мерки за пронаоѓање на девојката која до 12 септември работела како помошник во кујна на бродот „Серенисима“ со руски сопственици, кој пловел од островот Родос кон Св. Никола.

– На барање на МВР, МНР предметот за Дениса Маркоска е предаден во рацете на јавен обвинител, кој понатаму треба да одлучи како ќе продолжи истрагата, како ќе го заведе случајот и дали ќе го затвори предметот, сѐ е тоа одлука на обвинителот – вели Габриел Атанасов, портпарол на МНР за „Утрински весник“.

Таткото на исчезнатата девојка Кире Маркоски рекол дека на денот на роденденот – 7 септември, Дениса додека се допишувала со мајка си на „Фејсбук“ им најавила дека неколку дена нема да се слушаат.

На мајка си ѝ пишала дека 2-3 дена ќе нема интернет на бродот, а капетанот вели дека на бродот имало секогаш интернет. Не знам зошто така кажала Дениса, таа немаше никакви проблеми, работеше на овој брод со син ми Боби минатата година. Цел екипаж ѝ беше познат. Годинава брат ѝ работи во Франција, а таа остана на истиот брод. Но, и другар ѝ Дејан, којшто ми ги донесе нејзините работи, кажа дека ќерка ми цело време била весела, расположена и дека до  доцна во ноќта го славеле и нејзиниот роденден – посочил таткото на Дениса.

Мобилниот телефон на Дениса е пронајден на палубата каде што таа изутрината околу 3 часот пушела цигара, а околу 5.30 часот таа вообичаено станувала да се подготви за да работи во кујна.

Според Ирина Петреска од агенцјата „Коузон“ во Прилеп,  при вакви несреќни случаи истрага врши крајбрежната поморска безбедносна контрола во државата каде што се случил настанот.

Во случајов, вели таа за „Утрински весник“, истрагата треба да биде извршена од грчките поморски власти и македонските власти да добијат информации, односно извештај за извршената истрага

Грчката полиција се сомнева дека Дениса е убиена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top