| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфунот Марио направи пустош и однесе 10 животи на Филипините

Во северниот и централниот дел на филипинскиот архипелаг тајфунот Фунг-Вонг, кој на Филипините е наречен Марио, направи пустош и однесе најмалку 10 животи.

mario

Од петокот вечерта па сѐ до денскa најголеми штети претпе подрачјето на филипинскиот главен град Манила.

Како последица на силниот ветар, а уште повеќе поради врнежите, што донесоа над 300 литри дожд на квадратен метар во 24 часа, загинаа 10 луѓе, а 183.000 семејства беа евакуирани. Во прифатните центри ќе останат околу 50.000 семејства со 197.500 членови, бидејки нивните живеалишта се целосно уништени.

Тајфунот се движи кон Тајван, но метеоролозите најавуваат дека неговата јачина ќе се намалува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top