Британската влада го отфрли тврдењето на лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и шкотскиот прв министер Алекс Салмонд дека трите водечки британски партии нема да се придружуваат до ветувањата за проширување на овластувањата на Шкотска, истакнувајки дека тие јасно се „обврзале“ на тоа и дека Владата поставила „прецизен распоред“.
Салмонд во изјава за британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ изјави дека лидерите на трите главни британски партии – на владејачката Конзервативна партија на Дејвид Камерон, Лабуристичката на Ед Милбанд и Либерално-демократска на Ник Клег – ги измамиле гласачите пред рефендумот на независноста на Шкотска.
– Оние кои гласаа против можат да бидат гневни затоа што со самото заокружување „не“ се „заведени“ и „измамени“ – изјави шкотскиот прв министер, кој по објавивањата на резултатите од референдумот најави дека ќе поднесе отставка во ноември.
На историскиот рефендум во Шкотска во четвртокот повеќе од 55 проценти гласаа против независност на покраината. Трите водечки британски партии ја подржуваа кампањата против независноста.
Неколку часа по објавувањето на резултатите од рефендумот, Камерон најави дека пошироката автономија за Шкотска би требало да биде оследена и со пошироката автономијата за Англија, нагласувајќи дека секој договор по рефендумот треба да биде фер и траен.
Камерон најави дека планот за предавање на новите поголеми овластувања на Единбург го подготвил членот на британскиот парламент и поранешен премиер, Шкотланѓанецот Гордон Браун, додавајќи дека предлог-законот за проширување на автономијата ќе биде готов до јануари.
Според „Би-Би-Си“, усвојувањето на законот ќе биде одложено за по изборите во мај 2015 година..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.