| четврток, 6 декември 2018 |

„Алибаба“ на Њујоршката берза

али

Цената на акциите на огромната кинеска компанија за електронска трговија „Алибаба“ скокна за 36 проценти на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза.
Во првичното тргување, цената достигна 92 долари и 70 центи по акција, а почетната цена изнесуваше 68 долари – една од највисоките во берзанската историја, јавува Гласот на Америка.
Некои од муштериите на „Алибаба“ учествуваа во традиционалното одбележување на почетокот на тргувањето со берзанското ѕвоно.
„Алибаба“ е водечка компанија за електронско тргување и управува со најголемиот пазар на Интернет во светот и за меѓународна, и за домашна трговија. На почетокот беа понудени приближно 368 милиони акции, а компанијата на берзата ќе биде означена со кратенката БАБА.
Берзанските аналитичари очекуваат кинеската електронска трговија со којашто доминира „Алибаба“ и натаму да расте рапидно. Критичарите наведуваат дека корпоративната структура на „Алибаба“ им дава на сопствениците на акции помало влијание во своите операции отколку што е вообичаено за една компанија што има акции во јавна сопственост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top