| четврток, 6 декември 2018 |

Македонки си ја враќаат невиноста за 500 евра

Ако некој девојка посака да си ја врати невиноста во Македонија, тоа може да го стори за само 15 минути со хируршка интервенција. Во Македонија постојат повеќе клиники што прават вакви интервенции и се плаќа од 500 до 700 евра. Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“, пишува Телеграф.мк.

Станува збор за зашивање на хименот, односно тоа е реконструктивен хируршки зафат на хименот познат под називот хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Доколку хименопластиката се изведе коректно и не биде проследена со компликации, макроскопски хименот е повторно интактен без видливи оштетувања и лузни.

Од гинеколошко-акушерската клиника „Хистера“ велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција.

– Овој хируршки зафат се изведува со локална анестезија. Се користат ресорптивни конци за да се реконектира хименалната мембрана и обично за тоа се потребни околу 20 минути, а потоа пациентката е слободна. Но, како и секоја хируршка интервенција, така и при оваа има ризици од потенцијални можни компликации.

– Треба да се земе предвид дека постинтервенциски се можни инфекции и попуштање на конците, за што пациентката мора да биде претходно информирана и согласна – објаснува доктор Филип Вановски. Вакви интервенции се изведуваат и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оттаму велат дека најчести индикации за хименопластика се: социолошки, религиозни и лично емотивни.

– Старосната граница може да биде варијабилна и нема никаква поврзаност со тоа дали пациентката има родено или не. Доколку станува збор за малолетно лице, како и за секоја интервенција, неопходна е согласност од двајцата родители – вели д-р Мирослав Темелковски, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во Македонија ова сè уште е табу-тема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top