| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа пред околу половина час се случи на бул. Трета македонска бригада во Скопје, откако мотоцикл од засега непозната марка удри во задната страна на „пежо 206“ со скопски регистарски таблички.

Засега не се знае како дошло до нестреќата и дали има повредени лица, на местото на настанот во секој момент треба да пристигне полиција за целосно расчистување на случајот.

Инаку, бул. Трета македонска бригада само што е реконструиран и пуштен во употреба, а ова најверојатно е и првата сообраќајка која што се случила откако е пуштен булеварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top