Пакетот мерки за штедење што ќе го спроведе Владата на Република Србија го вклучува следново:
Намалување на платите на вработените во јавната администрација според следната динамика:
** до 25.000 динари – нема намалување (околу 113.000 луге);
** од 25.000 до 100.000 динари – намалување 10-10,5%;
** над 100.000 динари – намалување за 15-16%.
Намалување на пензиите според следната динамика:
** до 25.000 динари – нема намалување (околу 1.038.000 луге):
** од 25.000 до 35.000 динари – намалување за 3,1%;
** од 35.000 до 40.000 динари – намалување за 6,2%;
** од 40.000 до 60.000 динари – намалување за 9%;
** над 60.000 динари – намалување за 15-16%.
Отпуштање на вишокот вработени во јавната администрација.
Скратување на субвенциите на железницата и други јавни претпријатија, како и на земјоделците кои поседуваат големи земјоделски поседи.
Мерки за зајакнување на приватниот сектор.
Со спроведување на пакетот на реформски мерки се очекува да биде остварена годишна заштеда од околу 700 милиони евра, при што само намалувањето на платите и пензиите се очекува да носи заштеда од околу 400 милиони динари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


