| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната аптекарка за кутија таблети

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Џ.(21) и А.А. (22) и Ќ.С. (20) сите од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

На 15 овој месец првопријавениот влегол во аптека „Корона фарм“ и од вработената побарал да му даде таблети. Откако истата го одбила тој по некое време се вратил со второ и третопријавените при што Р.Џ. влегол зад пултот во аптеката и одзел една кутија таблети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top