| четврток, 6 декември 2018 |

Целото производството на сончоглед ќе биде откупено

зејтин
Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ и оваа година ќе ја откупи расположливата количина на маслодајни семиња во Македонија. Компанијата ги охрабрува земјоделците да ја одгледуваат и произведуваат оваа култура, бидејќи им е загарантиран откупот, што претставува голема сигурност да се преориентираат кон одгледување на маслодајни семиња. Моментално се одвива откупот од Пелагонија, а потребата за поголеми количини од сончогледово зрно за производство на сончогледовото масло „Кристал“ ќе се надополни од увоз.
– Зголемената побарувачка на производите од страна на потрошувачите, како во Македонија, така и во соседните земји Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, е потврда дека сме на вистинскиот пат, и дека создаваме квалитетни производи – изјави Горан Лазов генерален Директор на „Благој Ѓорев“.
Додаде дека како единствен откупувач на маслодајни семиња во Македонија „Благој Ѓорев“ оваа година ќе откупи се што од оваа култура ќе им биде понудено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top