| четврток, 6 декември 2018 |

ЕБОР ја намали прогнозата за економски пораст на Југоисточна Европа

ебор
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја намали прогнозата за економскиот пораст на Југоисточна Европа за оваа година поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија.
ЕБОР ја намали прогнозата за овогодинешното зголемување на БДП на Бугарија од 1,9 проценти во мај, на 1,5 процент, главно, поради проблеми во финансискиот сектор, се наведува во коминикето.
Најголема ревизија за намалување на растот банката направила за Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи и двете земји имаа штети од поплавите на крајот на мај.
ЕБОР очекува економскиот раст на БиХ да биде 0,2 проценти, наспрема 1,8 проценти, каква што беше прогнозата во мај.
Србија, најверојатно, ќе падне во рецесија, при што се очекува економијата да спадне за 0,5 проценти според порастот од еден процент при претходната прогноза.
За целиот регион банката ја преразгледала прогнозата за овогодинешниот просечен раст од 2,2 отсто до 1,9 процент, се наведува во извештајот на финансиската институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top