| четврток, 6 декември 2018 |

Пред налетот на американските бомбардери исламистите се повлекуваат од некои позиции во Сирија

sirija

Исламската држава почна да напушта некои свои бази и позиции во покраината Деир Езора. Станува збор за голем дел што е под контрола на вооружената екстремистичка група, рекол за „Франс прес“ Абу Осама, борец на ИСИЛ.

Осама, кој контактирал со агенцијата преку интернет, рекол дека се затворени сите познати позиции на ИСИЛ во Ешари, 60 километри источно од главниот град Деир Езора. Џихадистите ги напуштиле и зградата на покраинската влада, која била претворена во најголмо складиште за оружје на ИСИЛ во регионот.

Во градот Мајадин во близина на границата со Ирак се напуштени осум бази, а сѐ уште се стационирани во три. ИСИЛ се повлечле и од нафтените полиња. Евакуирани се семејствата на странските џихадисти што живееле во станбените згради во близината.

Силите на Башар ал Асад кои истовремено се бори и против бунтовниците и против Исламската држава сѐ уште има контрола над некои делови во градот Деир Езора, како и врз воениот аеродром во покраината. Исламистите останале на позициите во градот Раки, најголемото упориште на ИСИЛ во Сирија, рекол борецот на ИСИЛ за АФП, кој се претставува под името Фурат ал Вафа.

– Базите се уште се таму, но ИСИЛ се повлече од некои пзиции. Сепак, во градот сѐ уште е присутна Исламската држава – порачал тој по интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top