| четврток, 6 декември 2018 |

Дениса паднала од бродот, случајот го пријавил капетанот

Полицијата во Крит со три глисери и еден хеликоптер уште од 13 септември го пребарувала морето северно од островот во потрага по исчезнатата 23-годишна Македонка Дениса Маркоска, пишуваат дел од грчките медими.

Последната трага од Маркоска, според капетанот на бродот кој го пријавил исчезнувањето, се губи среде море на рутата од Карпатос до Касу во заливот Мирабело.

Кога пристигнал бродот во пристаништето Агиос Николаос, веднаш почнала акцијата за идентификација на исчезнатата девојка под координација на критската полиција, пренесуваат грчките медиуми.

Бродот имал екипаж од 48 члена и патувал од пристаништето во Родос кон Агиос Николаос.

Маркоска веќе две години работела на бродот и неодамна потпишала уште еден договор за работа на истиот брод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top