Ендокринолозите го потврдија ставот на министерот Тодоров дека инсулинска криза нема, откако во јавноста а особено меѓу лицата со дијабетес, деновиве се крена прашина дека резервите на одредени инсулински аналози се при крај, а за 1-2 месеца ќе нема одреден тип инсулин.
Раководителката на Центарот за дијабетес при Универзитетската клиника за ендокринологија во Скопје, д-р Викторија Перцан, тврди: пациентите со дијабетес мелитус во Република Македонија се соодветно третирани со најсовремена инсулинска терапија која е на располагање во светот.
– Во моментот има доволно инсулин и овозможено е континуирано снабдување на пациентите со дијабетес мелитус. Сакам да потенцирам дека има доволно инсулинска терапија во делот на хуманите инсулини и во делот на инсулинските аналози така што располагаме со доволно опции за постигнување добра гликемиска контрола кај сите пациенти., вели Перцан за Дневник.
Докторката нагласува дека во нашата земја присутни се хумани инсулини и инсулински аналози со исклучително висок квалитет од најврвните светски производители од Соединетите Американски Држави, Данска и од Франција.
-Уделот на инсулинските аналози во нашата земја е исклучително висок и можам да нагласам – највисок во регионот – и може да се споредува со земјите во светот кои имаат најразвиени здравствени системи. – Апсолутно нема никакви причини за страв и паника кај лицата со дијабетес зашто нашата основна задача е нивната гликорегулација, која апсолутно може да се постигне со расположливите инсулини, со редовни контроли и титрација. Исто така, овие пациенти треба да се придржуваат кон советите што ги даваме, а се однесуваат на исхраната, физичката активност и неопходни се и чести контроли на гликемијата, вели Перцан.
На прашањето што значи кога пациентот треба да прима замена на одреден тип инсулин што дотогаш го примал – дали тоа може неповолно да се одрази врз неговата здравствена состојба, Перцан вели дека врз гликемиската контрола на пациентите влијаат повеќе фактори, како исхраната, физичката активност, стресот, напоредните заболувања и, секако, инсулинската терапија. Kаква било замена се прави со соодветен инсулин на начин што нема да доведе до нарушување на гликемиската контрола, со што не постои никаков медицински ризик за пациентите, вели Перцан.
Ендокринолозите со ова го потврдуваат ставот на министерот Тодоров дека нема недостиг на инсулин. Ова е една ситуација која како дежаву се повторува секогаш кога сакаме да развиеме некоја монополска позиција на пазарот, нагласи министерот.
– Не им е грижа за пациентите, грижата е повеќе за некој личен интерес и бизнис. Не смееме да дозволиме да се цицаат средствата од буџетот на Република Македонија и потоа некој да вози џипови луксузни или да има вили, а тоа да го плаќаат граѓаните и плус од тоа да правата сцена, обратно да го поставуваат дека некој друг имал бизнис интерес. Не не станува збор за тоа и не е грижа дали се склучил анекс договорот сега или не. Најголема грижа им е тоа што веќе е објавен тендер за набавка на инсулин за наредните две години во кој практично ќе си конкурираат оние кои ги носат најскапите инсулини, посочи Тодоров.
Министерот дециден дека нема да дозволат поделба на пазарот помеѓу фирми, нема да дозволат да некоја фирма освоила еден дел од пазарот и тој да и загарантиран за наредни десетици години.
– Со новиот тендер овозможуваме тие што ги носат скапите инсулини, а тоа се најдобрите и најголемите компании во светот, за прв пат да почнат да конкурираат една на друга на тендер, и која од нив ќе понуди најниска цена. Очекуваме дека на овој начин ќе се направи заштеда од минимум 100 до 150 милиони денари за овој тендер кој сега го објавуваме. Тоа се средства кои ќе останат во здравствениот буџет и ќе бидат наменети за здравствени проекти, за граѓаните, а не да завршуваат во нечии џебови, нагласи Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст