| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на штипјанецот кој загина утрово

Педесет и едногодишниот штипјанец Ацо С. е лицето кое го загуби животот во тешката сообраќајнат несреќа која утринава се случи на патот Штип-Кочани.

Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена во 5:35 часот, а судирот се случил меѓу автомобил „форд фиеста“, која ја управувал сега загинатиот, и автобус со штипски регистерски таблички, во кој се наоѓал само возачот, 56-годишниот Т.П.

Телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Патот беше затворен за сообраќај до 8:40 часот, а подоцна се одвиваше по една коловозна лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top