| четврток, 6 декември 2018 |

Најопасната патека на светот повторно се отвора за туристите

Каминито дел Реј, патека која многумина ја нарекуваат најопасната патека во светот, следната зима ќе биде повторно отворена за туристите кои ќе ја посетат Шпанија, иако таа веројатно нема да биде толку застрашувачка.

patekaa-540x320

Т.н. најопасна патека во светот за пешачење ќе биде отворена за туристи на почетокот на следната година по повеќемилионската реставрација.

Меѓутоа, новата верзија ќе биде значително попитома од онаа која благодарение на интернетот им стана позната на многу луѓе во светот.

Патот Каминито дел Реј, кој во превод значи „Кралски пат“, го привлече вниманието на голем број луѓе, кои преку интернет ги гледаа авантуристите како пешачат по него. Меѓутоа, откако патеката зеде човечки живот во 1999 и во 2000 година, двата влеза се затворени, но и покрај забраната, некои луѓе продолжија да се движат по оваа тесна патека.

Регионалната Влада во Андалузија во 2011 година, заедно со градската влада на Малага, одлучи да го реновира патот, а цената изнесуваше пет милиони евра. Работите почнаа во март оваа година, а властите се надеваат дека патеката ќе привлече дополнителен број туристи во оваа област.

Оригиналната патека е долга 1,2 километри и е изработена со цел работниците да можат да дојдат до браната Гвадалхорсе.

Кога ќе биде отворена за јавноста во јануари или февруари 2015 година, таа првите три месеци ќе биде бесплатна за туристите, а потоа ќе биде потребно да се плаќа одреден надомест со оглед на тоа дека секој ден од безбедносни причини само на одреден број туристи ќе им биде дозволено да пешачат по неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top