| четврток, 6 декември 2018 |

Директен судир на автомобил и автобус во Штипско, еден загинат

soobrakajka

Едно лице го загуби животот во сообраќајка што се случи нешто по пет часот утрово на патот Штип – Кочани помеѓу штипските села Чардаклија и Долни Балван, јави МИА.

Несреќата се случила меѓу автобус кој превезува работници и автомобил „форд“ во директен судир.

Во тек е увидот на местото на настанот од страна на обвинителот и полицијата.

Инаку, сообраќајот веќе два часа е во прекин меѓу Штип и Кочани. Во моментов се одвива наизменично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top