| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка меѓу „фершпедовци“ и „Руле турс“ во судница

Во Основен суд 2,  дошло до крвава тепачка меѓу семејството Накови и Омерагиќ, поточно Штерјо Наков неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ.

При одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, најпрво тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ.

Потоа во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.

Според доброинформирани извори  на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.

Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top