Втор ден од акцијата на новинарскиот синдикат“Солидарност со дописниците” со која новинарскиот синдикат бара подобар стандард и услови за работа на дописниците во медиумските куќи во Македонија, објави „Алфа“ телевизија. Ставот на синдикатот е дека не се согласува со условите во кои работат новинарите кои се дел од дописничката мрежа од внатрешноста, лимитирани технички средства, без ограничено работно време, слободни денови и ниско платен труд.
Случајно или не акцијата на ССНМ коинцидира со последните случувања во ТВ Телма каде неодамна им беше прекината соработката на најголем дел од дописиниците. Сепак, во акцијата на синдикатот состојбата во овој медиум не е спомената како повод за делувањето. За разлика од слични случаи во други медиуми во минатото во кои од економски причини дел од новинарите беа прогласени за технолошки вишок, синдикатот не именува медиуми новинари уреднички тимови. Го генерализира проблемот иако е очигледно дека последните случувања во еден од медиумите се повод за акцијата.
“Сакаме да покажеме дека не се согласуваме со условите во кои работат нашите колеги. Тие се третирани како новинари од втор ред и без никакво образложение можат да бидат отпуштени. Се работи за генерална слика. Случувањата во ТВ Телма се последни во низата и сакаме тоа да престане. Не се работи за неконзистентност во ставовите туку за засилување на акциите” вели претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис.
И од Македонската асоцијација на новинари велат дека битката за подобар новинарски стандард не треба да се води селективно. Двојни аршини според претседателката на ова новинарско здружение не се дозволени.
“Не сакам ниту да помислам дека постои селективност во работата на МАН при опсервацијата на работата на медиумите. Сите медиуми се исти и имаат своја уредувачка политика.Оттука секој сопственик на медиум може да процени колку новинари му требаат, но мора да се почитува законот” вели претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова
Акцијата “Солидарност со дописниците” ќе трае до понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


