| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка е подготвена да ги обучува силите на ирачките Курди

Чешката полиција е подготвена на курдските безбедносни сили во Ирак да им обезбеди специјалисти за обука првенствено за лица за пиротехника и полициски службеници.

Ова како што јави дописникот на МИА од Прага, го соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец по средбата со својот колега, министерот за внатрешни работи на курдската автономна администрација во северен Ирак, Карим Синџари.

Министрите се согласиле, дека на ирачките Курди, кои војуваат со екстремистите од џихадистичката организација Исламска држава им е потребна помош, како и дека ова движење во моментов претставува сериозна опасност не само за Ирак и Блискиот Исток, туку и за целата меѓународна заедница.

– Верувам дека Чешка може да игра важна улога во обезбедувањето на технолошки напредни безбедносни системи, системи за надзор и опрема и дека за нас, исто така, ќе организира курсеви првенствено за припадниците на безбедносните сили во разни области, изјави Синџари.

Хованец на тоа одговори дека не сака однапред да ветува дека сите барања ќе бидат исполнети.

Чешката Влада, на крајот на септември одобри помош во муниција за Курдите во износ од 1,65 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top