
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде еден од првите универзитети во регионот и светот што ќе ги дигитализира своите учебници со цел да бидат подостапни за студентите.
За таа цел е потпишан Меморандум за разбирање и соработка со Фондацијата за негување на македонското културно наследство „МАКЕДОНИКА“ – Скопје. Со ова се потврдува започнувањето на заедничките проекти на овие две институции од областа на електронското издаваштво и воведувањето нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија. На почетокот ќе бидат објавени е-учебници од неколку факултети.
На овој начин Македонија се доближува до светските трендови за создавање безхартиено академско општество.
Ова е голем чекор кон поквалитетно и модерно универзитетското образование со што УКИМ ја задржува лидерската позиција во Републиката, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Честитка од Иванов по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј


