| четврток, 6 декември 2018 |

Шест потешко повредени лица вчера во Скопје

На подрачјето на градот Скопје во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле шест, а полесно се повредени две лица, во четири сообраќајки полесно се повредени еден пешак, двајца велосипедисти и еден возач на мопед, а една поминала сомо со матерјална штета.

Првата сообраќајка со потешки последици се случила во 13.15 часот на крстосницата меѓу булевар „Борис Трајковски“ и улицата „Петар Дељан“ меѓу патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски таблици управувано од граѓанин на Скопје и велосипед марка „собим“ управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.

Втората незгода се случила во 13.45 часот на автопатот Скопје-Велес по тунелот Катланово во која учестувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со велешки регистарски таблици и патничко мотороно возило марка „голф“ со косовски национални ознаки управуван од граѓанин на Косово. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобиле пет лица, еден возач и четворица сопатници, а две лица, исто така, возач и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Случени се уште три незгоди со мала материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција преземаше мерки по прекршоците, кои најчесто ги прават пешаците, како и мерки за возачите што не отстапуваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Во оваа насока санкционирани се 13 пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин, петмина возачи не отстапиле првенствено минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Преземени се и мерки за шест возачи, кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и сите се исклучени од сообраќај, како и кон 44 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 25 возачи се движеле со брзина поголема од 90 км на час во населено место. Десетмина возачи не ги почитувале сообраќајните знаци на крстосниците, а  десетмина ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со специјалното возило пајак отстранети се 45 возила, кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во согласност со планот за работа денеска во рамките на проектот „Брзина дали си подготвен да ја платиш цената“ по сообраќајниците низ градот ќе се врши засилена контрола за возачите што не ги почитуваат ограничувањата на брзината на движење. Исто така, ќе се преземат мерки и за возачите што не го користат сигурносниот појас или го користат мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и мерки по потешките прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top