| четврток, 6 декември 2018 |

Голи Оток ќе стане геј дестинација?

Здружението Еколошко-социјален форум сака од Голи Оток да направи ресорт од затворен тип, кој би бил наменет за рекреација, одмор и дружење на геј лицата од целиот свет, во кој би можеле да уживаат 24 часа во безбедно опкружување.

– Со формирањето на European Gay Resort – Croatia би бил направен чекор напред во насока на отварање на хрватскиот туризам кон групите, за кои Хрватска досега не беше една од примарните дестинации, велат од Здружението.

Идејата и реализацијата на овој проект ја изнесе претседателот на Здружението Аљоша Бабиќ во форма на допис до министерот за туризам во декември 2013 година. Во него му предлага една од неискористените недвижини во сопственост на Република Хрватска да се стави на располагање со цел да се отвори геј ресорт.

– Туризмот таков каков што е во моментов во Хрватска доживува криза, додека добри резултати покажува туризмот кој е насочен кон специјализираните групи во општеството, а овој сегмент на туристичкиот пазар е во голема експанзија, смета Бабиќ.

– Припадниците на ЛГТБ популацијата се добри потрошувачи и оставаат повеќе пари на одмор и за забава, така што според проценките на Gay Tourism Association хомосексуалците годишно трошат меѓу 48 и 52 милиони евра.

Здружението напоменува дека според индексот на International Gay Guide Travel , кој ги категоризира погодностите на земјите за ЛГТБ туризмот, Хрватска моментално се наоѓа на 44. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top