Поранешниот член на одредот на муџахедините Абдулмелик Башиќ и се обрати на јавноста по повод како што тој вели четничките закани до муслиманите во Нови Пазар односно Санџак кои со ништо не биле предизвикани.
Тој вели дека никој не треба да ги предизвикува и да ги провоцира бидејќи во спротивно нема да седат со скрстени раце.
– Ви се колнам дека Дрина нема да биде зелена туку црвена, а Прибој ќе стане Пробој. Ако сакат несереќа допрете го Нови Пазар. Ако го допрете исто како да сте ги допреле сите муслимани во око. Не е случајно што баш тој град е одбран да биде мета на четниците. Во него се најгордите Бошнаци, муслимани кои нема да се поклонат пред вас. Ние ќе ги подржиме, ако има било какви конфликти. За вербални борби вербално, а за вистинските вистински! Со народот на Санџак нема да бидат само Бошњаците од Босна, туку и од целиот свет како и Албанците од Косово и Македонија, Турците и целиот муслимански свет – изјави Абдулмелик Башиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Ако не гласате за СДС ќе падне крв и молотови коктели – СДСМ се заканува на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба



