| четврток, 6 декември 2018 |

Маскирана банда нападна две момчиња во автобусот бр. 65

Нoќва по полноќ околу 01,00 часот во нас. Ченто-Скопје во автобус на ЈСП бр.65, неколку непознати лица маскирани со фантомки на главите, а некои од нив и со безбол палки, физички ги нападнале Ф.Г.(21) и С.Р.(25) двајцата од Скопје.

Откако лицата го извршиле нападот, возачот го запрел автобусот  и ги отворил вратите, по што оштетените со трчање се симнале. Се преземаат мерки за расчистување на нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top