Државата Македонија и нејзините граѓани не видоа поголема придобивка и никаква трајна инвестиција од трошењето на 92 милиони евра колку што СОРОС Македонија потрошила за 24 години колку што постои во земјава.
Според се од овие пари се офајдиле со грантови голем број на луѓе, а неретко и за финансирање на свои приватни проекти.
Освен тоа значителен дел на движењето на овие пари покажува дека се помагале активисти кои работат во полза на политичкото дејствување на СДСМ.
Па така медиумите и невладини организации кои добиле пари од СОРОС се препознатливи по нивното критизерство на политиките на владата.
Практично со парите кои ги дава, Сорос управува со нивните медиуми за што посведочи и Саше Политико кој неодамна изјави дека Милчин за парите кои му ги дал за неговиот медиум одредувал кој ке пишува колумни.
Голем број на самопрогласени експерти биле богато платени за своите активности.
Вистинското прашање е каде завршувале овие 92 милиони евра, ако се знае дека нема никаков позначителен ќар државатга.
Се отвора сомнеж и претпоставка дека огромна сума од овие пари завршувале во приватни џебови кај луѓе кои важат за пулени на СДСМ.
Инаку треба да се знае дека добар дел од овие луѓе располагаат со луксузен имот, пари станови и скапи автомобили.
Нет прес во јануари годинава објави податоци со имотна состојба на повеќе јавни личности. Така тие напишаа дека “Бранко Геровски новинарот број 1 на СДСМ поседува ни повеќе ни помалку 5 стана и една викендица како и возило Нисан Икс Треил. Тој инаку е раководител на Плус инфо и уредник во весникот Слободен печат, и двата медиуми грантисти на СОРОС фондацијата.
Нет прес објави дека Борјан Јовановски поседува Тојота Рав 4, но и 2 стана во Центар.
Исто така Ленче Николовска чиј што син го раководи порталот Бриф.мк кој исто така добивал пари од СОРОС поседува заедничко земјиште со површина од 3450 м2 и уште едно земјиште со површина од над 15 000м2 како и два автомобила.
Тука е и Љубомир Фрчковски кој важи за еден од професорите кој има најголема заработка, а кој вози луксузен автомобил.
По ова може да се забележи дека луѓето кој се најголеми критичари и постојано обвинуваат за недемократија и диктатура сосема солидно заработуваат и живеат натпросечен живот во споредба со сите останати граѓани.
Тие во ниту еден момент не се гледа дека на своја кожа ја чувствуваат диктатурата за која говорат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


