| четврток, 6 декември 2018 |

Руски слависти го истражуваат македонскиот јазик во Албанија

Претставници на Рускиот институт за Славистика  почнаа да го истражуваат македонскиот јазик во Албанија.

Максим Макарцев, од Институтот за славистика при Руската академија на науки во Москва се сретнал со Македоци кои живеат во Тирана, а потекнуваат од разни делови на Албанија и остварил средба со претседателот на македонско друштво „Илинден”, Никола Ѓурѓај,  потпретседателот Незир Меча и неколку членови на друштвото.

Како што потврдува Ѓурѓај, гостинот опширно го запознале со состојбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.

– Цел на средбата со Македонците во Тирана беше да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот, празниците, свадбите обичаи, крштевките, и општо обичаите и начинот на живот на Македонците кои живеат во албанската метропола. На заедничко задоволство Македонците добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време, изјави Ѓурѓај.

Посебно, рускиот истражувач, бил информиран за македонскиот дијалект кој се говори во Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци. Истражувачот Макарцев информира дека  по оваа посета ќе следат и други посети заради истражување на македонскиот јазик и дијалекти кај  Македонците кои живеат во Албанија.

Според Ѓурѓај разговорите со гостинот од Руска федерација минале во срдечна атмосфера на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top