| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за познат малолетен насилник од Кондово

 СВР Скопје поднесе кривична пријава за малолетникот Ф.А. од село Кондово поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда, при што повредил две малолетни лица.

Од страна на судија му е изречен притвор во траење од 30 дена.

Тој на 8 овој месец во 21.30 часот физички нападнал двајца малолетници, по што со нож им нанел повеќе убодни рани. Причина за нападот било одбивањето на малолетниците да му бидат другари, односно заедно со него да извршуваат кривични дела.

Малолетниците од страна на нивните родители се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде што им се констатирани тешки телесни повреди. Задржани се на натамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.

Следниот ден Ф.А. е фатен од страна на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ и е предаден во полициска станица.

Малолетникот е регистриран насилник, кој  во периодот од 2012 до 2014 година е пријавуван за учество во тепачка и за насилство, како и четирипати е прекршочно пријавен за физички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top