Плејмејкерот на репрезентацијата на Србија, Милош Теодосиќ, предупредува дека натпреварот против Франција нема да биде само тест за „орлите“.
Тој додаде дека „триколорите“, кои го елиминираа домаќинот на првенството во Шпанија, не се екипа со која може да се влезе отпуштено во натпреварот.
– Се направи слика дека ќе биде многу лесно против Франција, кои против Шпанија покажаа одлична игра. Сепак тие се европски шампиони. Далеку од тоа дека ќе биде лесно, пред сѐ треба да се фокусираме на нашата игра и да пробаме да ја повториме играта од претходните два натпревара. Тогаш ќе имаме шанса – изјави Теодосиќ.
Тој се наврати на фактот што овие две репрезентации се сретнаа во групната фаза на Мундобаскетот, во натпревар кој „галските петли“ го добија во последните секунди.
– Сега нѐ очекува сосема друг натпревар. Французите напредуваа од почетокот на првенството, иако не ги сметаа за конкуренција поради отсуството на Тони Паркер – додаде Теодосиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.