| четврток, 6 декември 2018 |

„Јаху“: Властите нѐ уценуваа да соработуваме во шпионирањето

Компанијата „Јаху“ соопшти дека американската влада ѝ се заканила дека ќе ѝ воведе казна од 250 илјади долари на ден доколку не ги исполни барањата за усогласување на нејзината работа со закондавството за проширување на следењето податоци, кое го спроведуваат властите.

YAHOO_headquarters

Деталите од тајната судска битка на интернет гигантот против шпионирањето, кои ги спроведува Владата на САД, беа обелоденети откако федерален судија нареди од некои од судските материјали да биде остранета ознака за тајност.

„Јаху“ истакна дека Владата предложила измени во законот со цел да може да бара информации за корисници на компаниите што нудат интернет услуги, со што беше предизвикан правен спор во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top