| четврток, 6 декември 2018 |

Библиски потоп во Далмација (фото)

Големо невреме што ја зафати Хрватска вчера предизвика големи поплави во одредени делови на државата. На некои места беше предизвикан вистински потоп од невидени размери на тие простори. Невремето траеле само три часа. Почнало во шест часот наутро и траело до девет. Но, за тоа време на одредени места наврнало по неверојатни 100 литри дожд на квадратен метар , а рекордер е Трибуња каде што наврнале дури 170 литри на квадратен метар , нешто што не паметат ни најстарите жители. Поплавени се многубројни станбени и деловни простории, како и многу јавни површини.

– Откако знам за себе, а имам 45 години, во Трибуња не наврнало олку дожд ниту за половина година, а како утрово за три часа. Мојот сосед има осумдесет години и не се сеќава на ваков потоп. Ова е поплава од библиски размери, ужас. Има вода од метар до метар и пол по улиците, автомобилите се потопени, улиците и паркинзите не ги гледаш од вода – вели Дамир Јакелиќ од Трибуњац за „Слободна Далмација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top