Девојки и жени од Ирак се заробени од страна на племето Јазиди, додека Исламската држава продолжува со ширење на терор ширум регионот, пренесува „Дејли мајл“. Бригадата Ал-Канса, која ја сочинуваат само жени, ги тероризираат другите жени кои не се однесуваат во склад со шеријатските закони, а отвориле и бордели за давање услуги на војниците.
Ал-Канса користи варварски интерпретации на исламската вера за да ги оправда своите постапки.
– Веруваат дека милитантите може да ги користат овие жени како сакаат бидејќи не се муслимакни, изјавил извор на „Мирор“.
Ал-Кана е милитантна група составена само од жени која делува во сирискиот град Рака, а главна личност е Акса Махмуд, која има 20 години од Глазгов и која побегнала од земјата минатата година.
Идентификувани се уште три Британки кои и се придружиле на радикалната група, а околу 60 жени од Британија побегнале во Сирија и им се придружиле во џихадот. Најголем дел од нив се меѓи 18 и 24 години.
Се верува дека двајца мажи кои џихадистите ги заробиле, се погубени во пустината во близина на градот Рака поради што овие жени можеа да знаат и кој ги убил. Исто така се верува дека тие се движат во исти кругови како и убијците на Британците.
И понатаму е непознат идентитетот на џелатот на Исламската држава, кој е познат како „џихадистот Џон“, откако минатата недела беа отфрлени сомневањата дека станува збор за поранешниот рапер од Лондон.
Медиумите пренесоа дека расте бројот на млади жени кои ги напуштиле своите семејства во Англија за да им се придружат на џихадистите во Сирија.
Меѓу нив се и близначките Салма и Захра Халане (16), како и мајката Кадија Даре (22), која е омажена за џихадист од Шведска.
Меѓу нив е и Сали Џонс (45) од Кент која на интернет напиша дека сака да ги исече христијаните со „тап нож“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


