| четврток, 6 декември 2018 |

Обама се приклчи на европските санкции кон Русија

обамаПретседателот на САД Барак Обама изјави дека неговата држава се приклучува кон санкциите што ги воведе ЕУ спрема Русија и се насочени во енергетскиот, финансискиот и одбранбениот сектор.

– Тие мерки ќе ја зголемат политичката изолација Русија, како и економската цена, особено во сектори кои се важни за претседателот Путин и луѓето од неговото опкружување, изјави Обама.

Тој прецизира дека деталите за новите санкции ќе бидат објавени утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top