Алекс Белини (36) во живо ќе го следи топењето на глечерите и ќе ги проучува последиците од глобалното затоплување.
Во пролет 2015, италијанскиот авантурист кој живее во Англија ќе го замени неговиот комфорен дом со непрегледни ледени пространства. Ќе ги спакува торбите, ќе се поздрави со семејството и ќе се упати северозападно од Гренланд каде ќе биде препуштен на милост и немилост на природата.
– Планирам да поминам една година на глечер, но ако пред тоа се истопи ќе морам да се вратам дома, рече Белини.
Во случај климатските промени го загрозат неговиот план, Италијанецот ќе го искористи неговото засолниште како сплав на кој ќе плута додека спасувачите не дојдат по него. Звучи како авантура во која не би се впуштил човек со здрав разум, но ова не е прв тест на издржливост со кој Белини се сретнува, пренесува „Блиц“. Тој досега има претрчано повеќе од 22.000 километери, веслал повеќе од 33.000 километри и минал 560 дена во изолација за да ги испита границите на неговото тело и ум.
– Сум веслал и во Тихиот и во Аталнатскиот Океан. Најмногу сакам предизвици каде може лесно да се изгуби контролата. Се радувам на претстојот на Гренланд кој ќе ме научи на нови вештини на преживување, вели Белини.
Пред тој да замине на север, неговиот тим ќе мора да пронајде глечер погоден за живот, како и да го реши прашањето на снабдување со храна и вода. Глечерот мора да биде рамен, долг околу 60 и широк околу 20 метри за да може авантуристот да има доволно место на него да изгради засолниште.
– Потрагата по парче лед кое ќе му одговара ќе биде авантура сама по себе, изјави Белини, кој неговата авантура ја нарече „Адрифт“ (Adrift) – препуштен на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.