
Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишниот охриѓанец В.Ц., одговорно лице-директор на ЈП „Нискоградба“ – Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела злоупотреба на службена положба и овластување.
Во периодот од септември 2012 до април 2013 година, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба, свесно извршил пречекорување на границите на службените овластувања и спротивно на законски, правен или друг основ им наложил на одговорните во финансиско-сметководствениот сектор на ова претпријатие, средствата кои на деведесет и осум вработени по разни основи им се задржувале од плати во вкупен износ од 260.374 денари, да не се уплатат за предвидените намени, туку противправно да се присвојат во корист на „Нискоградба“ и со нив да се плаќаат обврските кон приватната фирма „КА инжинеринг“ ДООЕЛ Охрид.
На тој начин, со противправното присвојување на наведените 260.374 денари од плати на деведесет и осум работници и без нивна согласност, ЈП„Нискоградба“ стекнало противправна имотна корист, а работниците од „Нискоградба“ претрпеле штета од ненавремено исплаќање на обврските кои ги имале создадено по разни правни основи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


