| четврток, 6 декември 2018 |

11 септември – денот кога беа урнати-кулите близначки во САД

Денеска се навршуваат 13 години од уривањето на кулите-близначки во САД. Терористичките напади од 11 септември 2001 година биле координирани тероростички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал Каеда. Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени.

Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилион долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против тероризмот. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот – како Авганистан и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top