| четврток, 6 декември 2018 |

Aло, полиција, станот ми е полн со муви

Ако сте мислеле дека апсурдни повици за полициска помош се случуваат само некаде далеку во друга држава, сте се излажале, оти и македонските полицајци од службата 192 примаат апели за помош што се толку чудни што оперативците не знаат дали да се смеат или да плачат.

Од Центарот за известување и командување при СВР-Скопје за „Нова Македонија“ издвоија неколку случаи на необични пријави на граѓаните на бесплатниот телефонски број 192.

Мајка и ќерка заминале на десетдневен одмор надвор од земјава, а една од првите работи што ја направила мајката по враќањето било тоа што се јавила на полицискиот број 192. Без да објасни зошто ги побарала, мајката веднаш почнала да ги навредува полицајците, а откако се смирила, тие побарале да им објасни зошто е толку револтирана. 
Жената објаснила дека се преплашила кога влегла дома, бидејќи станот ѝ бил преполн со муви, кои влегле преку отворениот прозорец, оти таа во кујната оставила парчиња лубеница.
– На прашањето каде е виновна полицијата во нејзиниот случај, таа објасни дека живее на седми кат од зграда и оти нејзиниот стан може да се види и од Водно, а под тоа се подразбира дека може да се забележи и отворениот прозорец – раскажуваат од МВР.
Според жената, полицајците требало да најдат начин да влезат, да го затворат прозорецот и повторно да го заклучат станот. Таа додала и оти ако врнело и ако таа имала оштетувања од водата во станот, ќе го тужела Министерството за внатрешни работи.

Прочитајте повеќе на „Нова Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top