| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена застрашувачка тајна на мегалитот Стоунхенџ

stounhedz

Долго време се сметало дека Стоунхенџ, кој е изграден во 2.400 година пр.н.е, е осамен споменик во недопред предел на висорамнината Солсбери, но сега археолозите веруваат дека околу мистериозните мегалити наредени во круг, всушност, се наоѓаат многу други верски објекти.

Најсовремената техника на радарско скенирање им омозвожи на експертите под површината на земјата да откријат цел комплекс од светилишта, хумки и објекти, кои се користени за извршување на застрашувачки обреди.

stoun2

Во рамките на досега најголемото геофизичко истражување, научниците од Универзитетот во Бирмингем, четири години го мапирале подрачјето на површина од 12 квадратни километри и откриле дури 17 дрвени и камени структури.

Сознанијата деновиве биле претставени на фестивалот за наука во Бирмингам и во таа прилика објасниле како напредната радарска техника развиена специјално за изработка на дигитална мапа на длабочина од три метри под земја. Меѓу откриените структури е и дрвена градба долга 30 метри која била оддалечена околу 4 километри од Стоунхенџ. Научниците веруваат дека во неа се вршени сложени обреди кои опфаќаат и отстранување месо и екстремитети од телата на покојниците.

Тие претпоставуваат дека објектот се користел од седум генерации на исто семејство пред да исчезне под земја и да падне во заборав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top