Хрватската музичка дива Тереза Кесовија неодамна завршила во болница поради тешко акутно воспаление на уринарниот тракт. Пејачката била итно однесена во Општата болница во Дубровник, на Одделот за инфектологија, а се’ се случувало пред промоцијата на нејзината автобиографија во родниот град. За среќа, Тереза е сега подобро и е пуштена од болница. „Не ми е воопшто лесно. Во еден момент помислив дека ова е мојата последна битка“, изјави Кесовија за хрватските медиуми. Таа е моментално на домашна нега во својот дом во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.