| четврток, 6 декември 2018 |

Расте невработеноста во еврозоната и во целата Европска унија

Невработеноста во еврозоната е рекордно висока, инфлацијата е во остар пад и намалена домашна побарувачка, покажаа најновите податоци

d3aa7717080b0e81906e93688a5c3bca
Невработеноста во еврозоната во јануари се зголеми на рекордни 11,9 проценти од 11,8  проценти од декември. Без работа биле 19 милиони луѓе, наведе Европскиот завод за статистика.

Во 27-члената Европска унија, стапката на невработеност истовремено порасна на 10,8 проценти од 10,7 проценти.

Невработеноста изнесува 26,2 милиони невработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top