Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на компанијата Гришко.
По средбата се предвидени изјави за медиумите на претставници на Владата и претставници на компанијата.
Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија, а почетокот е предвиден за 12:30 часот.
Оваа компанија според најавите ќе отвори втора фабрика за производство на балетски обувки во Македонија. Првата фабрика која вработува 80 лица, Гришко ја отвори во март минатата година. Фабриката е лоцирана во демирхисарското село Слепче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии