| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ги штити своите компании, државите од ЕУ бараат помош

RU-Banned-ImportsРусија помогна и ќе продолжи да дава поддршка на домашните компании погодени од западните санкции без оглед на сопственичката структура, вели Медведев.

– Обврска на Владата е да ги заштити руските компании кои се соочени со неправедните и незаконски акции на странските држави или странските компании – изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев пред извршниот директор и косопственик на рускиот производител на гас Новатек, Леонид Михељсон. САД неодамна воведоа санкции против Новатек и нејзиниот втор косопственик, Генадиј Тимшенко.

Здружението на европските фирми во Русија соопшти дека продажбата на автомобили во Русија во август паднала за 23 отсто во однос на јули, а 26 отсто на годишно ниво. Во бројки, споредено со минатиот август продадени се 60.000 возила помалку. Се цени дека тоа е последица на економски санкции во Русија, отежнати со санкции на САД и ЕУ.

Во меѓувреме австриската влада има намера да ги искористи сите инструменти кои веќе ги докажале. Последиците по стопанството се чувствуваат во Европа, потенцираа канцеларот Вернер Фајман и вицеканцеларот Рајхолд Митерленер, најавувајќи состанок со социјалните партнери за соработка во надминување на последиците.

Мерките кои ЕК ги презема ќе покријат само дел од штетата на земјоделските производители поради рускиот бојкот, смета хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина. Тој повика што побрзо да се активираат сите механизми за сите сектори и да се обезбедат извозни субвенции за погодените производи. Директната штета на хрватските извозници е проценета на околу 6,7 милиони евра.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top