| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен лидерот на сириска исламистичка група Ахрар ал Шам

Лидерот на сириската исламистичка група Ахрар ал Шам, Хасан Абуд е убиен во бомбашки напад за време на еден состанок.

Инцидентот се случил во сирискит град Рам Хамдан во северозападниот дел од земјата. Активисти на оваа група изјавуваат дека бомбаш-самоубиец, кој присуствувал на состанокот го активирал експлозивот поставен на неговото тело, предизвикувајќи смрт на повеќе лица, меѓу кои има неколкумина водечки команданти на Ахрар ал Шам.

Оваа група е дел од сирискиот исламски фронт, што го сочинуваат седум исламистички бунтовнички групи.

Во февруари оваа година припадниците на оваа група беа обвинувани од противничката исламистичка група Исламска држава (ИД) за еден напад во кој беа убиени неколкумина нејзини високи функционери. Се верува дека во овој напад биле убиени повеке од 40 лица, припадници на ИД, иако досега не се разбра точниот број на жртвите.

Ахрар ал Шам е една од најголемите сириски бунтовнички групи кои војуваат за да се собори претседателот Башар ал Асад. Групата важи за тврдо исламистичка, но таа е остар противник на групата Исламска држава, која сега претставува закана не само за власта во Дамаск, туку и за Ирак, но и за поширокиот регион.

Набљудувачите во сирискиот главен град веруваат дека ИД е одговорна за самоубиствениот бомбашки напад и за убиството на Хасан Абуд. Во јуни годинава во интервју за Би-Би-Си Абуд остро ги критикуваше дејствувањето на ИД. Во интервјуто Абуд тогаш рече дека ИД ја нуди „најлошата слика за исламот“ што било кој досега ја има понудено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top