Американскиот претседател Барак Обама ги повика демократите и републиканците во Конгресот да ги поддржат неговите воени напори против Исламската држава, соопшти Белата куќа.
Првите луѓе на двете партии од Претставничкиот дом и Сенатот „изразиле поддршка во напорите да се ослаби, и конечно да се уништи Исламската држава, радикалната исламистичка група која во последните месеци зазеде големи делови од Сирија и Ирак, соопшти портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.
Во својот говор пред нацијата, Обама денеска треба да ја изнесе својата стратегија за борба против ИСИЛ и да им порача на конгресмените и на сенаторите дека таа кампања ќе биде ефикасна ако добие и нивна поддршка и покрај тоа што има овластувања да делува и самостојно.
– Претседателот им рече на првите луѓе на двете партии дека ќе поздрави било каква акција на Конгресот која би помогнала и би покажала на светот дека САД се единствени во намерата да се порази заканата Исламска држава“, рекол Ернест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа