Научниците од Националниот институт за здравје во САД пронајдоа во лабораториски контејнер стар 100 години, голем број смртоносни организми, јави „Мирор“.
Садот бил скриен во лабораторијата, а во него се пронајдени заразни примероци кои предизвикуваат ботолизам, куга, туларемија и мелиодоза. Меѓу смртоносните организми пронајден е и рицин, силен протеински отров кој се добива од растението рицинус.
Пронаоѓањето на кутијата е резултат на големата истрага која е покрената откако еден од научниците во јули оваа година пронајде шише со примероци на големи сипаници, кое датира од 1950 година.
Од Институтот наведуваат дека пронајдени примероци се дел од историската колекција која се наоѓа во лабораториајта.
– Пронаоѓањето на овие организми и примероци ја потврдува потребата од постојано следење и испитување на лабораториската опрема во рамките на законските одредби, а со цел унапредување на квалитетот на биолошката сигурност, рече портпаролот на Институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



