| четврток, 6 декември 2018 |

Заминала на море како танчерка, завршила како проститутка

Отидов на море да работам како танчерка во познат клуб на црногорското приморје. Не помина ни месец дена кога шефот ми понуди да играм на туристички брод кој плови навечер. Се согласив и оттогаш почна пеколот во мојот живот – раскажува за српски „24часа“ младата М.Б од Нови Сад, која наместо да летува работејќи сезонска работа завршила во ланецот на проституција.

Сезонските летни работи кои им се нудат на девојките на прв поглед не изгледаат сомнителни, но подоцна стигнуваат непристојните понуди. Според М. Б, најчесто се согласуваат на вакви работи бидејќи немаат друг избор.

Освен јас, на бродот имаше уште пет девојки. Единственото нешто кое можев да го направам е да скокнам од бродот и да пливам до копно, кое ретко го гледавме. После првата вечер, шефот почна да ми купува гардероба, шминка и ме префрли во полуксузно сместување. Никогаш не бев сама. Секогаш бев со некој кој го следи секој мој чекор. По 20 дена агонија успеав да повикам пријател и да го замолам за помош. Се извлеков само бидејќи им се закани дека ќе објави во медиумите. Така се вратив во Србија, но стравот не ми исчезна – раскажала М. Б.

Голем број од девојките кои одат да работат во Црна Гора најчесто завршуваат во ланецот на проституција. Полицијата мака мачи да им влезе во траг бидејќи тие почнуваат како келнерки, танчерки или хостеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top